09 Октомври, 2024
0.0267

Пронајдено момче исчезнато во Шпанија пред шест години: Го киднапирале мајка му и дедо му, а сега им побегнал

Објавено во: Свет 15 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Момче на возраст од 17 години од Англија од Олдам, кое исчезна во Шпанија во 2017 година, е пронајдено во Франција, соопштија властите.

Тинејџерот, кој се вика Алекс Бати, е пронајден во градот Ревел, источно од Тулуз.

Пред шест години, тогаш 11-годишниот Алекс бил на одмор со својата мајка и дедо, кога сите тројца исчезнале на југот на Шпанија.

Полициски извор изјави за Би-Би-Си дека Алекс бил донесен во полициската станица од загрижен возач.

Бабата на Алекс и официјален старател Сузан Каруана изјави во 2018 година дека верува дека нејзината ќерка и поранешниот сопруг го однеле во странство за да живее „алтернативен начин на живот“.

И сега, шест години по неговото исчезнување, обвинителите велат дека Алекс бил пронајден жив и здрав во близина на Тулуз, Франција, откако побегнал од „духовна заедница“.

Инспекторите веруваат дека Алекс побегнал од руралната заедница и поминал денови пешачејќи низ Пиринеите пред да го земе возач, кој го однел во полициска станица во Ревел, во близина на Тулуз.

Сузан, која никогаш не се откажа од надежта дека ќе се соедини со нејзиниот внук, рече дека верува дека нејзината ќерка и поранешниот сопруг го киднапирале Алекс за да може да живее „алтернативен начин на живот“.

- Не сакаа (Алекс) да оди на училиште, не веруваат во редовно училиште“.

Алекс полета на аеродромот во Малага во Шпанија на однапред договорено патување со мајката Мелани - која нема законско родителско старателство - и дедото Дејвид на еднонеделен престој во областа Бенахавис, во близина на Марбела на 30 септември 2017 година.

Но, Алекс, неговата мајка и дедо не се вратија дома како што се очекуваше на 8 октомври 2017 година, што предизвика опсежна полициска истрага за очигледното киднапирање на момчето.


Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата