ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ДЕВОЈЧЕТО КОЕ ГО БАРАШЕ ЦЕЛА ТУРЦИЈА! Забрането е влегување и излегување од селото
Објавено во: Свет 08 Септември, 2024 11:18
Турските власти соопштија дека е пронајдено безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна на 21 август во Дијарбекир.
Оттогаш се трага по детето чие тело е пронајдено во потокот Егертутмаз на 1,5 километар од селото Тавшантепе каде што живеело.
Турската телевизија НТВ соопшти дека полицијата забранила секому да влегува или да излегува од селото.
„За жал, безживотното тело на Нарин, кој исчезна во населбата Тавшантепе во областа Баглар во Дијарбакир, го пронајдоа екипи на жандармеријата“, изјави Али Јерликаја, министер за внатрешни работи на Турција.
Diyarbakır’ın Bağlar ilçesine bağlı Tavşantepe Mahallesi’nde 19 gündür aranan Narin Güran'ın cansız bedeni köye 3 km mesafedeki dere yatağında bir çuval içinde
— KUZEYİNOĞLU (@__KUZEYINOGLU) September 8, 2024
bulundu..
Bunu yapanların hiçmi vicdanı yoktu.. Allah b*lanızı versin..#narinbulundu#Narin
////// pic.twitter.com/Tv9hk9fbjk
Се наведува дека телото на малата Нарин е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина.
Како што претходно напиша Курир, девојчето исчезнало кога требало да се врати со другарките по часот по Куранот, но се одвоила од нив и сама се упатила кон својот дом, каде никогаш не стигнала.
Откако ги пребарала околните куќи, полицијата ги испрашала сите сопственици на возила кои во тој момент биле во околината, па дури и го привела нејзиниот 18-годишен брат кај кого биле пронајдени траги од каснување, а потоа го привеле и нејзиниот вујко Селим Гуран.
Турските медиуми објавија дека Селим ја избришал историјата на повици и СМС пораки од својот телефон по исчезнувањето на осумгодишното девојче.
Во текот на истрагата биле откриени траги од ДНК во неговиот автомобил што му припаѓал на малата Нарин.
Нејзиниот брат, кој имал траги од каснување, подоцна бил ослободен, бидејќи во Истанбулскиот институт за судска медицина не можеле со сигурност да потврдат дека трагите се на девојчето.
Фото: Принтскрин/Твитер
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




