18 Мај, 2024
0.0287

Пропадна идејата на Владата: Нема заинтересиран инвеститор за изградба на нов „Театар комедија“

Објавено во: Економија 30 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Владата засега се откажа од идејата да гради нов „Театар комедија“, бидејќи ниту една фирма не се јавила на огласот. Планот беше да се најде приватен инвеститор со кој по пат на јавно приватно партнерство требаше да се изгради нов објект на местото на „Театар комедија“ во Скопје. Идејното решение за новиот објект на театарот „Центар“ е изработено уште во 2009 година, но објектот, иако најавуван, сѐ уште не е изграден, бидејќи досега ниту еден не се заинтересирал за оваа бизнис зделка.

„Постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов објект на местото на постоечкиот Театар Комедија поранешен МНТ - Центар во Скопје, се поништува бидејќи не е поднесена ниту една понуда“, е одлуката на Владата.

Во јули минатата година исто така беше поништен огласот за доделување договор за јавно приватно партнерство за Театар „Центар“ , затоа што не стаса ниту една понуда.

Планираниот објект требаше да биде на 10 ката, каде би се сместил театарскиот ансамбл, при што најголем дел од просториите во зградата би ги задржал приватниот инвеститор што ќе се согласи да гради.

Времетраењето на договорот за јавно – приватно партнерство беше предвидено да изнесува 42 месеци, односно три и пол години. Во овој рок требаше целосно да се издигне замислената зграда со зацртана површина од 30.945 метри квадратни.

Откако ќе беше одбрана најдобрата понуда, стариот монтажен објект беше предвидено да се сруши. Проценката е дека објектот ќе „тежи“ околу четири милиони евра.

Сепак, ништо не е оставено на случајност. Па, уште на почетокот на постапката беше речено дека „доколку не се обезбеди партнер за реализација на проектот по пат на јавно приватно партнерство, да се разгледа можноста објектот да се изгради со средства од Буџетот на Република Македонија“, пишува во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали Владата целосно се откажа од идејата за изградба на нов Театар комедија или новиот објект ќе се финансира од државниот буџет засега е непознато.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа