17 Декември, 2025
0.0507

Пропадна најскапиот фитнес центар во Загреб – наплаќаше членарина 500 евра!

Објавено во: Балкан 09 Јули, 2014 12:39

Добивај вести на Viber

Најскапиот и најлуксузен фитнес центар во Загреб World Class се затвора. Но, без разлика на тоа клубот во текот на минатата недела се уште продавал скалпа годишна членарина од 3.900 куни (над 500 евра), па дури и покренал летна „промотивна акција“ со цена од 3.000 куни за плаќање во готово. Информацијата ја потврдиле од фитнес цнетарот, а како причина за затворањето го навеле лошото работење на клубот. За тоа што ќе се случи со корисниците кои можеа да вежбаат таму само ако платат членарина за цела година однапред, немаат одговор. „За сите детали уште се расправа, а кога ќе донесеме конкретна одлука, ќе бидат известени“, рекол менаџерот на клубот Ведран Жанко. Клиентите се загрижени дека би можеле да останат и без пари и без услугата за која скапо платиле. World Class пред две години затворил еден фитнес центар во Загреб, а корисниците никогаш не си ги добиле парите назад. Дел од нив се одлучиле и да тужат, но парите не можат да си ги наплатат затоа што фирмата под која се водел овој клуб е во стечај. Сега со нова фирма, но под истиот бренд се повторува целата постапка. Фирмата е во тешка финансиска состојба, со неисплатени плати, па дури не ја поседува ниту опремата за вежбање, затоа што не можела да го исплати земениот кредит. Ова ги зголемува стравувањата на клиентите дека ќе бидат измамени.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии