01 Септември, 2024
0.0254

ПРОПАТУВАА НИЗ ПОВЕЌЕ ОД 60 ЗЕМЈИ, БРУТАЛНО СЕ НАПАДНАТИ ВО ИНДИЈА: „Седум луѓе ме силуваа“, вистински пекол за познатата блогерска двојка од Шпанија

Објавено во: Свет 04 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Шпанската блогерска двојка Винсенте и Фернанда, кои биле на патување со мотор низ Индија, на социјалните мрежи објавија дека група мажи ги нападнале, ги ограбиле и ја силувале Фернанда.

Тие на 1. март објавија видео на кое се гледаат со модринки и отоци на лицето, додека и двајцата изгледаат потресени. За шпанските медиуми изјавија дека биле нападнати во областа Думка во индиската држава Џарканд, популарна туристичка дестинација.

Таму застанале на пат кон Непал да се одморат и поставиле шатор во близина на пазарот Хансдиха. Откако заспале, тврдат, седум млади момчиња упаднале во шаторот и ги нападнале.

„Седумина ме силуваа“

„Седум мажи ме силуваа. Не тепаа и ограбија иако не земаа многу работи бидејќи нивната намера беше да ме силуваат", рече Фернанда на шпански на видеото, додавајќи дека им се заканувале дека ќе ги убијат.

„Не совладаа. Ми ставија нож на вратот и ми рекоа дека ќе ме убијат“, вели Винсенте во едно од видеата. „Фернанда беше силувана. Седум луѓе. Кучки синови“, додаде тој.

„Устата ми е скршена, но Фернанда помина многу потешшко мене. Ме удираа со кацига по глава“, вели тој во едно од видеата кои во меѓувреме се избришани од социјалните мрежи.

Полицијата во Думка им соопштила на новинарите дека шпанската двојка била пренесена на лекување во локалната болница. „Двојката зборуваше и шпански и англиски јазик, па патролниот тим на почетокот не ги разбра. Но, тие изгледаа видно повредени, па беа однесени на лекување“, изјавија од полицијата и додадоа дека потоа лекарите го спомнале наводното силување.

Четворица уапсени, тројца се уште во бегство. Полицијата не го спомнува силувањето

Полицијата подоцна додала дека уапсила четворица мажи, а се уште трага по уште тројца. Нивниот идентитет се уште не е познат, но се знае дека се трага бидејќи ја претепале Фернанда. Силувањето не се споменува.

Би-Би-Си ја контактираше и бразилската амбасада во Индија, која соопшти дека Фернанда, која има двојно бразилско-шпанско државјанство, и Винсенте биле жртви на сериозен напад. Од амбасадата изјавија за Би-Би-Си дека ја контактирале жената преку локални официјални лица, како и преку шпанската амбасада, бидејќи парот користел шпански пасоши за да влезе во Индија.

Винсенте и Фернанда се познати на социјалните мрежи по нивниот канал Vuelta Al Mundo En Moto (од шпански превод тоа значи: Околу светот на мотор) и патувале низ повеќе од 60 земји откако го започнаа своето патување околу светот од Барселона пред пет години.

Со своите мотоцикли поминале 170.000 километри. Тие се амбасадори на мотоциклите KLM, а имаат над 122.000 следбеници на Инстаграм, каде што ги документираат своите патувања.

Индија има огромен проблем со силувањето

Ова потсети случајот со групното силување во Индија во 2012 година и убиството на една млада жена во автобус во Делхи, што доведе до масовни протести и измени на законите за силување во земјата. Но, секоја година се пријавуваат десетици илјади силувања, а активистите велат дека патот до решавање на проблемот е сè уште долг.


Можеби ќе ве интересира

РУСИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Зазеле село во источна Украина

РУСИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Зазеле село во источна Украина

НАПАД ВО БОЛНИЦА ВО ИСТАНБУЛ: Ранети се пет луѓе, а напаѓачот избегал

НАПАД ВО БОЛНИЦА ВО ИСТАНБУЛ: Ранети се пет луѓе, а напаѓачот избегал

СТОЛТЕНБЕРГ: Правото на самоодбрана на Украина не застанува на границата

СТОЛТЕНБЕРГ: Правото на самоодбрана на Украина не застанува на границата

(ВИДЕО) УКРАИНА ЖЕСТОКО ВОЗВРАТИ: Има жртви во Белгород

(ВИДЕО) УКРАИНА ЖЕСТОКО ВОЗВРАТИ: Има жртви во Белгород

НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Жена со нож тешко рани најмалку шест луѓе

НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Жена со нож тешко рани најмалку шест луѓе

ЗЕЛЕНСКИ: Нападот во Харков немаше да се случи да имавме дозвола да нападнеме руски воени авиони

ЗЕЛЕНСКИ: Нападот во Харков немаше да се случи да имавме дозвола да нападнеме руски воени авиони

КАДИРОВ: Здравјето ми е добро, ситни поправки правам на секои три месеци

КАДИРОВ: Здравјето ми е добро, ситни поправки правам на секои три месеци

СРБИЈА КУПУВА АВИОНИ РАФАЛ ОД ФРАНЦИЈА: Што вели Москва за овој потег?

СРБИЈА КУПУВА АВИОНИ РАФАЛ ОД ФРАНЦИЈА: Што вели Москва за овој потег?

ШВАЈЦАРСКИ ЕКСПЕРТ ЗА НУКЛЕАРНА ЕНЕРГИЈА: Процесот на изградба на нови нуклеарни централи може да потрае 35 години

ШВАЈЦАРСКИ ЕКСПЕРТ ЗА НУКЛЕАРНА ЕНЕРГИЈА: Процесот на изградба на нови нуклеарни централи може да потрае 35 години