Пророштвото кое не се исполни
Објавено во: Анализа 19 Јуни, 2013 09:16
Хиперинфлација. Огромен број на аналитичари, безброј многу пати го употребуваа овој збор. Со почетокот на политика на печатење на пари на Бернанке, многумина предвидуваа крах на доларот и хиперинфлација која ќе ја уништи глобалната екомија како што ја познаваме денес.
Светот беше преплавен со карикатури, како овие што може да ги видите подоле:
Бернанке штампа долари и го преплавува светот со нови пари. Од моментот кога ја уклучи пресата печатењето не запре.
Но, барем денеска пророштвото за хиперинфлација се покажа како едно од најпромашените во изминатите неколку години.
Еве еден график кој покажува зошто е тоа така:
Од инлфацијата ни трга ни глас. Ниту еднаш во изминативе неколку години не сме имале инфлација, значително поголема од онаа која била планирана. Напротив.
Е сега причините зошто е тоа така, можеби и не би требало да не радуваат. Глобални причини зошто инфлацијата е под контрола, најверојатно се:
- Намалена побарувачка од Кина
- Крај на бумот на суровините (поради слабиот раст)
- Слабиот раст на Европа
- Зголеменото производство на нафта во САД, суровина која традиционално влијае на инфлацијата
- Намалување на долгот на домаќинствата
Исклучително мала инфлација, секаде во светот.
Дали оние кои ги предвидуваат црните сценарија последни ќе се смеат, не можеме да знаеме. Но засега Бен се чини може да биде комотен во она што го прави.А за доброто на светот, да се надеваме дека знае што прави.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





