20 Декември, 2025
0.0387

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО ХРВАТСКА: Две третини од работниците не ја земаат оваа сума

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2025 15:03

Добивај вести на Viber

Има минимално зголемување на платите во Хрватска, но сепак повеќе работници не ја земаат просечната плата утврдена во државата. 

Просечната месечна нето-плата по вработен во правните лица за декември 2024 година изнесува 1.361 евро, а средната 1.156 евра, објави денеска хрватскиот Централен завод за статистика. Но, околу две третини од платите се потпросечни, јави Хина.

Просечната плата за декември е номинално пониска за 0,4, а реално за 0,5 отсто во однос на ноември, а номинално повисока за 14,3 и реално за 10,5 отсто во однос на платата за декември 2023 година. Просечната нето плата за декември е за 0,5 отсто пониска од ноември, а за 15 отсто повисока од истиот месец минатата година.

Десет отсто од вработените земале плата за декември до 747 евра, 20 отсто до 821 евро, а 30 отсто од вработените до 917 евра. Платата за 40 отсто од вработените во правните лица била и до 1.026 евра. Потоа следува просечна плата од 1.156 евра, што значи дека половина од вработените имале плата под, половина над просечната.

Платата на 60 отсто од вработените за декември изнесувала и до 1.308 евра, што е сепак помалку од просекот, а само седмата децила, која претставува 70 отсто од вработените, е над просекот и изнесува 1.488 евра.

foto freepik.com/kstudio

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба