Добивај вести на Viber
Просечната нето плата во Македонија во мај годинава изнесувала 21.483 денари, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Вака пресметана, нето платата е за 0,9% повисока во споредба со истиот месец лани.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10.9%), Градежништво (8.2%) и Административни и помошни услужни дејности (6.4%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, по вработен во мај 2014 изнесува 31.429 денари.
Намалување на просечната нето плата е забелеажна во секторите – земјоделство, шумарство и рударство и вадење камен. Во мај годинава, 1,6 отсто од вработените во земјава не примиле плата.