20 Декември, 2025
0.0409

Просечниот животен век зголемен за шест години

Објавено во: Економија, Свет 21 Декември, 2014 14:14

Добивај вести на Viber

Животниот век на светската популација во просек е продолжен за шест години сметано од 1990 година, соопштија експертите во студија која ја објавија во последниот број на научното списание „Лансет“. Со новите пресметки просечниот животен век на човекот од 65,3 години сега се искачил на 71,5 години. Опсежната анализа е изработена врз примероци од 188 земји. Според ова истражување животниот век на мажите се зголемил за 5,8 години од 1990 до 2013 година, а за жените 6,6 години. Во богатите земји забележан е пад на морталитетот од рак и кардиоваскуларни болести, додека во сиромашните  земји забележан е пад на смртните случаи кај новороденчињата и децата. Меѓутоа, кај децата помлади од 5 години, главните причини за смртност и понатаму остануваат да бидат инфекции на дишните патишта, маларија, детска парализа и дијареа. Од овие болести секоја година умираат околу два милиони деца на возраст до 5 години.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба