05 Декември, 2025
0.0629

Просек: Секоја мајка дневно одговара на 288 прашања!

Објавено во: Стил 01 Април, 2013 18:55

Добивај вести на Viber

Според едно истражување направено во Велика Британија, мајките секојдневно одговараат по 288 прашања или 23 прашања во еден час поставени од своите деца.

Истражувањето покажало дека девојчињата на возраст од четири години се најљубопитни, па ти е во просек дневно поставуваат и до 390 прашања, или по едно прашање на секои две минути.

Децата најмногу поставуваат прашања за време на оброците, или во просек по 11 прашања, односно по 10 прашања кога се со своите родители во продавница.

Околу 82 проценти од децата одговориле дека најчесто ја прашуваат мајката, додека една четвртина од децата изјавиле дека тоа го прават бидејќи татковците им одговараат „прашај ја мајка ти“.

Иако бројот на прашањата опаѓа со растењето на децата, сепак подоцна прашањата стануваат покомлицирани и потешки за одовор, стои во истражувањето.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: