Протекоа тајни документи кои откриваат што САД му нуди на Путин

Објавено во: Свет 02 Февруари, 2022 20:01
Протекоа тајни документи за тоа што САД и НАТО ѝ нудат на Русија.
Шпанскиот весник Ел Паис објави тајни документи за договорот на Соединетите Американски Држави и НАТО, во кои се наведува дека клучните барања на Русија во врска со ширењето на западниот воен блок на исток формално се отфрлени. Се споменува намерата на САД и НАТО во следниот период да разговараат со Русија за одделни барања, како и можноста за соработка во одделни области.
Според објавените документи, НАТО нуди општа транспарентност и мерки за изградба на доверба, како размена на извештаи за меѓусебните воени вежби, консултации, воспоставување телефонска линија за цивили и повторно воспоставување на соодветните мисии во Москва и Брисел.
Вашингтон вели дека е спремен да разговара за „реципрочните обврски и Соединетите Американски Држави и Руската Федерација да се воздржат од распоредување копнени ракетни системи и постојани сили со борбена мисија на територијата на Украина“.
Што се однесува до американските и НАТО силите во Источна Европа, нивното моментално распоредување било „ограничено, пропорционално и целосно во согласност со обврските според Основачкиот акт НАТО-Русија“, се наведува во документот, додавајќи дека сојузниците „ќе го зајакната одбранбениот став“ ако Русија ја нападне Украина. Америка е спремна да ги продолжи разговорите за контрола на стратегиското вооружување со Москва, вклучувајќи ги ограничувањата во разместувањето на балистички проектили и нуклеарни бомбардери. Русија негираше дека има планови за напад на Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека пишаните одговори испратени на Москва покажале дека Вашингтон не ги почитува „фундаменталните“ безбедносни грижи на Русија. Слични забелешки имаше и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Путин вечерва телефонски ќе разговара со британскиот премиер Борис Џонсон за две клучни теми: решавање на украинската криза и безбедносните гаранции.
Можеби ќе ве интересира
ИЗГОРЕ МОТОР НА АВИОН, ПАТНИЦИТЕ СЕ СПАСУВАА СТОЕЈЌИ НА КРИЛО! Драматична снимка од аеродромот во Денвер (ВИДЕО)

(ВИДЕО) РУСИТЕ ГИ ПРОТЕРАА УКРАИНЦИТЕ: Суџа е уништена

(ВИДЕО) ШТО Е СО ОВИЕ ЧОРАПИ: Трамп му се смееше на Џеј Ди Венс

АМЕРИКАНСКИ МИНИСТЕР: Анектирањето на Канада е најдобриот начин за спојување на нашите економии

СЕ РАБОТИ ЗА 2.000 КИЛОМЕТРИ: Путин има дилеми кој и како ќе го контролира примирјето

РУСИЈА Е СКЕПТИЧНА: Дали примирје за нив е прифатливо?

(ВИДЕО) ИТАЛИЈАНЦИТЕ НОЌТА ЈА ПОМИНАА НА УЛИЦИТЕ И ВО АВТОМОБИЛИТЕ: Земјотрес го погоди Неапол

РУСИЈА ЈА ПОДНЕСЕ ЛИСТАТА НА БАРАЊА ДО АМЕРИКА! Шефот на Белата куќа испрати пратеник кај Путин

ТЕШКО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА СИТЕ ДРУГИ: Американската војска ги покажа борбените авиони на иднината
