ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот
Објавено во: Економија 28 Март, 2025 15:12
Од овој месец официјално минималната плата ќе биде зголемена на 24.379 денари,но тоа не е доволно за достоинствен живот, па Сојузот на синдикатите на Македонија одлучи на 2 април да излезе на протест на кој ќе ги извади своите членови на скопските улици.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов,по завршувањето на седницата на Претседателството иноформираше дека одлуката за штрајк е поради тоа што Владата еднострано усвоила информација, според која ја утврдиле минимална плата, на штета на работниците во Македонија и неприфаќајки ги предлозите за висината.
Трендафилов рече дека, освен тоа, синдикатите трпат политички притисоци,а во моментов Економско-политичкиот совет нема репрезентативен синдикат.
„Се засилија нападите кон ССМ од последната прес-конференција од почитичка партија и поставени директори кои земаат плати од нашите плати кои ги плаќаме како даноци. Ги плаќаме за да се закануваат со откази и намалување на плати на наши активисти“, рече Трендафилов.
Тој додаде дека тие не се тука за да ја рушат Владата, туку за да им се покачат платите за да се живее достоинствено.
Можеби ќе ве интересира
НАФТАТА ПОСКАПУВА ТРЕТА НЕДЕЛА ПО РЕД - стравувања од тарифна војна вршат притисок врз „црното злато“
ВО СРЕДА СЛЕТУВА ПРВИОТ АВИОН ОД ПАРИЗ - Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

АХВ ОДЗЕДЕ ПРОИЗВОДИ СО ПОМИНАТ РОК - се продавале на пазар за стари работи, изречена казна

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април
