20 Декември, 2025
0.0698

ПРОТЕСТ НА КОСОВСКИТЕ СРБИ: Не сакаат да се отвори мостот на Ибар

Објавено во: Балкан 07 Август, 2024 17:55

Добивај вести на Viber

Србите на Косово денеска протестираа и бараат да не се отвори мостот на Ибар, јави дописникот на МИА од Приштина. 

Косовските Срби на денешниот протест во Северна Митровица со акламација побараа да не се отвора мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот дел, населен со мнозинство Албанци, и северниот дел на Митровица, населен со мнозинство Срби. Tие бараат КФОР да ги заштити.

На протестот беа истакнати транспаренти со пораките: „На мостот го браневме опстанокот, сега го браниме исчезнувањето!“, „Ако Курти го отвори мостот, КФОР и Квинта ќе бидат одговорни за сé!“ и слични.

На насобраните граѓани на протестот што се одржа во близина на мосотот на Ибар им се обрати поранешниот претседател на судот во Митровица, Никола Кабашиќ, кој ги повика граѓаните Срби, исто како денеска, и во иднина да ги уриваат одлуките на, како што ја нарече општинската власт, „принудната управа“ во Северна Митровица.

Косовскиот премиер Албин Курти во објава на својата страница на Фејсбук го нагласи фактот дека денешниот протест на припадниците на српската заедница во Косово заврши без никаков инцидент.

Курти вели дека мостот на Ибар неправедно го добил епитетот на делба и ненормални односи.

Тој напомена дека утре општина Северна Митровица, чиј градоначалник е од редовите на неговата партија, ќе организира разговор со граѓаните на тема „Меѓуетничка соработка, општинско советување за безбедност на заедницата, соработка меѓу институциите и граѓанското општество“ и ги повика граѓаните од српска националност да учествуваат и да бидат информирани „за придобивките од отворањето на мостот“.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација