Протест против ископ на литиум е обид за државен удар според Вучиќ
Објавено во: Балкан 10 Август, 2024
Српскиот претседател Александар Вучиќ најавите за протести во петокот вечерта против ископувањето на литиум во западна Србија го нарече обид за соборување на власта, а во врска со тоа веќе се приведени четири лица.
Во Србија повеќе од две недели има протести на противниците на екстракција на литиум во долината на реката Јадар на западот од земјата. Активистите за заштита на животната средина веруваат дека екстракцијата на литиум или проектот „Јадар“ планиран од австралискиот рударски гигант Рио Тинто е штетен по здравјето на луѓето и животната средина.
Сојузот на здруженија и одреди рок Владата да преземе мерки против вадењето на оваа суровина, кој истекува денеска, во спротивно најавија дека протестите ќе се интензивираат.
Како што јави Танјуг, Вучиќ во петокот вечерта на најавениот протест во Белград изјавил дека од руските безбедносни служби добил информација дека во Србија се подготвуваат масовни немири со цел државен удар. Во меѓувреме, српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека полицијата во Суботица во соработка со безбедносно-разузнавачката агенција Биа привела четири лица кои, според него, планирале да ја нападнат полицијата и да бунтуваат на протестот.
Министерството за правда денеска ги повика граѓаните на ред и мир, а организаторите на протестот најавија мирен и достоинствен собир. Тие уверуваа дека ќе има многу обезбедувачи и ги повикаа луѓето да дојдат на митингот без партиски симболи и знамиња на други земји, пренесува порталот N1 Србија.
Големи количества литиум се наоѓаат во долината на реката Јадар. Пред неколку години, Рио Тинто планираше таму да изгради рудник кој би можел да произведува 58.000 тони литиум годишно, што би било доволно за 1,1 милион возила или 17 отсто од европското производство на електрични возила.
Во тоа време, на проектот остро се спротивставија екологистите и дел од граѓанското општество. Како резултат на тоа, српската влада го поништи усвоениот просторен план за рудникот во 2022 година, но го обнови минатиот месец. Со ова таа даде зелено светло за рестартирање на проектот, а само неколку дена подоцна потпиша договор за стратешко партнерство со Европската унија за одржливи суровини, во кој спаѓа и литиумот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.