Протест во Тетово против поскапување на струјата, во Скопје и Кичево се одложија
Објавено во: Економија 28 Август, 2020
Тетово и денеска протестираше против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, за поскапување на струјата за 7.4 отсто.
На вечерашниот протест, кој се одржа на плоштадот на градот, организаторите ги повторија барањата, истакнувајќи дека нема да отстапат и да ги запрат протестите до нивното исполнување.
„Да се повлече одлуката за поскапување на цената, да се намали актуелната цена за 40%, да се национализира дистрибуцијата на електричната енергија, да се одземе монополот на ЕВН и да се укине регулаторната комисисја за енергетика”, се барањата кои во името на организаторите на протестор ги прочита Арианит Џафери.
Освен во Тетово, протести беа најавени и во Скопје и Кичево, но истите беа одложени и организаторите најавија дека ќе го одложат за следната недела.