14 Декември, 2025
0.0653

Протести во Италија: Државните училишта не се на продажба!

Објавено во: Свет 24 Ноември, 2012 19:47

Добивај вести на Viber

Неколку илјади професори денеска излегоа на протести во Рим и неколку други италијански градови против мерките за штедење на Владата, кои предвидуваат драстично намалување на трошоците за образование, пренесоа италијанските медиуми. По долги години буџетски кратења, италијанските професори пред се од средните училишта,  стравуваат дека ако биде усвоен новиот владин нацрт план, образовните институции полесно ќе ноже да добиваат пари од приватните фондови наместо од државата, што ќе значи и големо намалување на правата на наставниците. Меѓу паролите, со кои протестираа демонстрантите пишуваше и "НЕ на уништувањето на државните училишта", "Дозволете ни да ја креираме сопствената иднина" , "Државните училишта не се на продажба". Ова е прва голема акција по заедничкиот штрајк на 14 ноември во 100 градови во Италија, кога мировните поворки прераснаа во судири со полицијата. Во Неапол демонстрантите фрлаа петарди, а во Палермо стотици демонстранти дефилираа, следејќи картонски ковчег кој ја симболизираше "смртта на државното училиште".  Во Пиза околу 250 демонстранти извикуваа „ Не сме стока за продажба“. Во Фиренца група ученици за кратко го блокираше и сообраќајот на возовите, а на еден од вагоните на брзите возови Евростар беше истакнат плакат со натпис: „Учениците имаат еден недостаток - тие мислат“.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск