ПРОТЕСТИ ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Koлку луѓе загинаа во немирите?
Објавено во: Свет 07 Август, 2024 20:06
Во протестите во Венецуела загинаа 24 лица, соопштија активисти за човекови права.
Организацијата за човекови права „Провеа“ синоќа објави дека 24 луѓе загинале за време на протестите по претседателските избори во Венецуела на 28 јули, поради обвинувања за измами, јави ДПА.
„Провеа“ на социјалната мрежа „Х“ објави дека во најмалку девет случаи на убиства, вооружени провладини групи цивили, т.н. колективи, се идентификувани од сведоци како можни сторители.
Во Венецуела изминатите денови имаше протести против изборните резултати за кои велат дека се наместени. Досега се уапсени повеќе од 2.000 луѓе кои излегоа на протестите.
Венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино ја потврди „апсолутната лојалност“ на армијата кон Николас Мадуро, во екот на споровите за резултатите од претседателските избори во таа земја.
Изјавата на министерот за одбрана следи по повикот на опозицискиот претседателски кандидат Едмунд Гонзалес и лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо до припадниците на вооружените сили „да застанат на страната на народот“, пренесува ФоНет.
Државниот обвинител Тарек Сааб најави дека против Гонзалес и Мачадо ќе биде покрената кривична истрага за поттикнување припадници на војската и полицијата да го прекршат законот.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




