20 Декември, 2025
0.0603

ПРОТЕСТИТЕ НЕ СТИВНУВААТ: Националната гарда распоредена во Фергусон!

Објавено во: Свет 26 Ноември, 2014 10:39

Добивај вести на Viber

Во САД продолжуваат протестите и насилствата заради спорната судска одлука за неповедување постапка против полицаецот кој летоска уби невооружан тинејџер со афроамериканско потекло. Полицаецот Дарен Вилсон кој во август го уби тинејџерот Мајкл Браун во интервју за американската телевизија Еј-Би-Си изјави дека неговата совест е мирна и дека добро си ја одработел својата работа. Тој нагласил дека верувал оти Браун може да го убие ако не реагира. На прашањето дали би постапил исто ако Браун беше белец, Вилсон одговорил: „Да, нема сомнение“. Повеќе илјади демонстранти незадоволни од судската одлука и ноќеска излегоа на улиците во повеќе американски градови, од Њујорк до Лос Анџелес. Само во Фергусон, кој е епицентар на расните демонстрации, во текот на ноќта биле уапсени 44 лица. Фергусон, кој е предградие на Сент Луис, има околу 20-тина илјади жители, а од ноќеска таму се распоредени и 2.200 припадници на американската Национална гарда, кои треба да ги спречат евентуалните идни немири. Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш го осуди насилството на улиците. „Палење на згради, автомобили, уништување на имот, доведување на други луѓе во опасност - за тоа нема оправдување, тоа се криминални дела“, рече Обама. Според него има други, поконструктивни начини да се изрази незадоволството, иако признал дека во повеќе заедници во САД постои чувство оти законите не се применуваат исто за секој.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја