Протестот за „Монструм“ одржан за прв пат пред Влада
Објавено во: Македонија 02 Април, 2021
Протестот за пресудите за „Монструм “ за прв пат се одржува пред Владата, откако минатиот пат полицискиот кордон го спречи на Бит Пазар.
Организатори на овој протест се семејствата на осудените во случајот „Монструм“, а незадоволство беше изразено и за пресудите за убијците на Никола Саздовски.
Овој пат на протестот нема немири и судир со полицијата, а беа истакнати фотографии од обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска, судијката Добрила Кацарска и јавниот обвинител Љубомир Јовевски.
Забележливо е тоа што овој пат протестирачите беа собрани во помал број од вообичаеното.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.