19 Декември, 2025
0.0577

Проверете денеска дали ве има на списокот, на 12 јануари исплата на државната помош за енергетската криза

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2023 09:03

Добивај вести на Viber

Списоците на граѓани од пакетот на мерки за финансиска поддршка за справување со енергетската криза треба да се најдат денеска на веб-страниците на Министерството за труд и социјална политика, на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на Агенцијата за вработување.

Од денеска до наредните три дена ќе бидат објавени списоците со категориите на граѓани, а средствата кои им следуваат како антикризна помош ќе им бидат исплатени на 12 јануари. 

Станува збор за корисници  на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток,  надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

Помош ќе добијат и корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.

Предвидена е и помош за невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а  доколку лицето не е на списокот, а  смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.



Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии