ПРОВЕРЕТЕ ЈА ЛИСТАТА НА „НАЈПАМЕТНИТЕ“ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА: Еве зошто го носат тој епитет
Објавено во: Свет 05 Август, 2024 12:43
ProptechOS го
објави Индексот на паметни градови за 2024 година, создаден по истражување и
анализа на повеќе фактори.
За градот да биде класифициран како паметен, тој, меѓу другото, мора да има иновативна зелена технологија, ефикасен јавен превоз, големи можности за вработување и силен фокус на одржливоста.
Платформата анализираше сè, од пристапноста на Wi-Fi до бројот на дрвја, аеродроми и работни места во областа на технологијата и беше избран нов „најпаметен град“ за 2024 година.
Топ 10 најпаметни градови
Годинава тоа е Париз, а француската престолнина доби оценка од 91,8 од 100 во категориите за поврзување и инфраструктура и 89,1 во категоријата технолошки пазар на труд, додека во зелената инфраструктура освои само 51,4 поени. Вкупниот рејтинг е 76,4.
Париз го престигна Лондон - победникот од 2023 година, Лондон, кој падна на второто место со резултат од 73,1, но постигна многу подобар резултат особено во зелената инфраструктура, со 63 поени во таа категорија.
Третото место му припадна на Амстердам со вкупен резултат од 72,8, но импресивни 75,4 во зелената инфраструктура, највисока на листата. Берлин беше четврти со 69, а Мадрид петти со вкупен резултат од 68,5.
Листата на топ 10 паметни градови во Европа се состои од:
1. Париз
2. Лондон
3. Амстердам
4. Берлин
5. Мадрид
6. Лисабон
7. Стокхолм
8. Луксембург
9. Даблин
10. Копенхаген
Можеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




