05 Декември, 2025
0.0319

Проверете што вели индискиот хороскоп за вашиот знак

Објавено во: Општо 09 Септември, 2016 16:11

Добивај вести на Viber

Меша (Овен)

Родените во овој знак годинава ќе уживаат во хармоничен семеен живот. Можни се кратки разделби од блиски членови на семејството. И помладите и постарите членови ќе бараат ваша поддршка во текот на цела 2016-та. Што се однесува до работата, првата половина од годината среќата ќе ви биде наклонета. Иста ситуација ве очекува и на поле образование, каде во декември може да очекувате позитивна завршница. Вашиот знак низ цела година ќе го следи среќа и љубов. Кога се работи за здравје, можни се проблеми со анксиозност. Се препорачува умерена исхрана и вежбање.

Вришаба (Бик)

Семејната идила може да ви биде нарушена заради негативните односи со поединци во семејството, а причина може да биде вашиот егоизам. Очекувајте позитивни промени на работното место и добри односи со надредените. Секако, тоа позитивно ќе се одрази и на финансиите. Може да бидете соочени со ненадејни давачки заради лоша здравствена ситуација на некој близок. Успехот нема да ве одмине и на поле образование, посебно ако студирате во странство. Сатурн може да предизвика мали љубовни проблеми, но после 6-от месец се ќе биде во ваша корист. Внимавајте ако имате срцеви заболувања и повеќе пазете го здравјето додека патувате.

Митуна (Близнаци)

Премногу работни обврски ќе ви го одземат времето за семејни дружења. Сепак, не треба да ја игнорирате енергијата која семејството ви ја нуди. Новата година ќе ви донесе и подобри односи со колегите. На работен план единствено проблематична може да биде средината од годината. Не се плашете да побарате совет од постари и поискусни колеги. Добрата позиција на Јупитер ќе ви донесе позитивни постигнувања во образованието. Оние кои влегоа сами во 2016-та, може да очекуваат голема љубов. Зафатените пак, може да доживеат краткотраен раскин на врската. Што се однесува до здравјето, ќе ве мачат стомачни проблеми.

Катака (Рак)

Иако односите со поединечни членови на семејството ќе бидат затегнати, општата ситуација ќе биде подобра од претходната година. Јупитер ќе ви донесе позитивни деловни случувања, а на поле финансии ќе мора да донесете важни одлуки затоа што ви претстојат големи вложувања. Внимателно со одлуките. 2016-та исто така ќе биде одбележана од романтични и љубовни случувања кои ќе ве следат до самиот крај на годината. Со здравствени проблеми ќе се соочат само хронично болните.


Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: