Проверете што вели индискиот хороскоп за вашиот знак
Објавено во: Општо 09 Септември, 2016
Симха (Лав)
На почетокот на годината ве очекува супер атмосфера во семејството. Љубезноста и разбирањето спречуваат таа атмосфера да се наруши, па затоа покажувајте ги почесто. На работното место можно е да доживеете одредени разочарувања. Не реагирајте импулсивно, на крајот ќе ви се исплати посветеноста. Ова е добра година на финансиски план затоа што ќе успеете да заштедите солидна сума на пари. Исто така ќе бидете поотворени за љубов. Најважно е да се слушате себеси и својата интуиција. Обрнете внимание на исхраната, можни се проблеми со стомакот и екстремитетите.
Канја (Девица)
Ќе бидете загрижени заради неповолната ситуација во семејството. Важно е само да не реагирате импулсивно, затоа што средината на годината ќе ви донесе позитивна промена. На почетокот на 2016-та ќе се соочите со недоразбирања со колегите, а тоа ќе трае до јуни, кога работите ќе тргнат на позитивно. Склоноста на екстраваганција може да ви донесе финансиски загуби. Самодовербата нека ви биде сојузник на секое поле. Ако сте во врска, ве очекува хармонија и разбирање, а ако сте сами ова е добра година за нов љубовен почеток. Заради неочекувани здравствени проблеми мора да го промените темпото на живот и исхраната.
Тула (Вага)
Годинава ќе уживате во добри семејни односи. Ќе имате прилика да се подобрите и професионално. Ако пак сакате да ја промените професијата или работното место, 2016-та е добро време за тоа. Ве очекуваат доста патувања. Ослободете од долговите кои ве мачат долго време. Идиличната љубовна ситуација може само да биде променета од здравствени проблеми. Друго ништо нема да ви ја попречи љубовната идила. Неповолните здравствени прилики можете да ги спречите само со редовни контроли и здрава исхрана.
Вришчика (Скорпија)
Семејните односи може да бидат влошени само ако се соочите со проблеми со пари. Ве советуваме да не скршнувате со погледот и да се задржите до важните работи. Во работата избегнувајте ги крупните планови и целите остварувајте ги чекор по чекор. Сите финансиски проблеми ќе можете да ги решите во првите 6 месеци од годината, кога ситуацијата ви е најповолна. Втората половина од годината пак, ќе ви донесе крај на љубовните проблеми, предизвикани од ситни недоразбирања. Претераната загриженост која ја криете од другите може да предизвика анксиозност. Бидете посебно внимателни ако патите од хронични болести.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.