19 Април, 2024
0.0248

Прв дел: Што прават и колку тежат најбогатите луѓе на светот!

Објавено во: Стил 07 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Карлос Слим, останува најбогатиот човек на Земјата и во цела 2012 година. Овој 72 годишен милијардер, минатата година нето вредноста ја зголемил за 13,4 милијарди долари или за 21,6 отсто и со тоа е вториот најголем добитник од долари. Слим на свое конто има 76,9 милијарди долари. Најбогат човек во светот има фирми во телекомуникациите (Америка Movil- најголемиот мобилен оператор во Америка), банкарство (Grupo Financiero Inbursa) и рударството (Minera Frisco), како и Филип Морис, Њујорк тајмс, Сакс и Caixabank. Преку холдинг-компанијата на неговото семејство, Групо Карсо, Слим исто така има големо присуство во мексиканската градежната индустрија. Амансио Ортега, шпанецот кој е основач на Индитекс, е најголемиот добитник на годината. Богатство на 76-годишниот тајкун се зголеми 22,2 милијарди долари и изнесува 57,5 милијарди долари според индексот. Најбогат човек во Европа поседува 59 проценти од Индитекс, најголемиот светски синџир за облека и е сопственик на Зара. Од 2001 година, тој заработил 2,5 милијарди дорлаи само од дивиденди. Ортега се повлече од претседател на Индитекс во 2011 година. Ингвар Кампрад најбогатиот човек на Шведска ја контролира ИКЕА, најголемиот светски производител на мебел на мало, преку серија на фондови и фондации. Компанијата генерираше повеќе од 33 милијарди $ приходи и околу 4 милијарди нето приход во 2011 година. Во негов посед е Ikano група, за инвестиции во возила, менаџирање со четири ИКЕА франшизи, бизнис со кредитни картички и инвестиции во недвижен имот.  

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре