ПРВ УДАР ВО СРЦЕТО НА БЕЈРУТ, ИМА ЖРТВИ, МЕЃУ КОИ И АМЕРИКАНЕЦ: Почна големото извлекување на странски државјани
Објавено во: Свет 03 Октомври, 2024
Израел синоќа изврши насилен воздушен напад врз центарот на
Бејрут, а жителите ги разбуди огромна експлозија. Погодена е зграда во областа
Бачура, во близина на либанскиот парламент. Тоа беше првиот израелски воздушен
напад што го погоди срцето на главниот град во овој конфликт, јавува Би-Би-Си.
На фотографиите се гледа тешко оштетена станбена зграда, при што првиот кат е делумно уништен.
Нападнат е и Дахие, упориште на Хезболах во јужен Бејрут. Израелската војска издаде нови наредби за евакуација на неколку области на округот, велејќи дека во иднина ќе ги таргетира објектите и интересите на Хезболах.
Либанските власти велат дека повеќе од 1.000 луѓе биле убиени во изминатите две недели, додека околу еден милион е можно да се раселени.
Еден американски државјанин од Мичиген е меѓу загинатите во неодамнешниот израелски воздушен напад врз Либан, пренесоа американските медиуми.
На југот на земјата имаше знаци дека Израел се подготвува да ја прошири својата копнена инвазија, а вчера беа испратени повеќе војници на границата.
Почнува големата евакуација од Либан, сè повеќе земји се подготвуваат да ги извлечат своите граѓани
Сè повеќе земји се подготвуваат да ги евакуираат своите граѓани од Либан и ги повикуваат оние кои останале да ја напуштат земјата поради ескалацијата на ситуацијата и во екот на израелската копнена офанзива на југот на земјата.
Иако ниту една земја сè уште не започнала евакуација од големи размери, некои влади организираа чартер летови, а други помогнаа да се обезбедат места на комерцијалните летови од Либан. Засега главни транзитни точки се Кипар и Турција.
Еве преглед на подготовките по земја:
Соединетите Американски Држави: Десетици американски војници се распоредени на Кипар, подготвени за низа непредвидени ситуации, вклучително и евакуација на американски граѓани од Либан доколку избие сеопфатна војна, изјавија американски официјални лица за Си-Ен-Ен. Америка уште од август ги повикува своите граѓани веднаш да го напуштат Либан.
Обединетото Кралство: Во подготовка за можна евакуација на државјани на Британија од Либан, околу 700 дополнителни војници се распоредени на Кипар, каде што британската војска веќе има неколку стотици војници стационирани во две бази. Има и два воени брода во регионот и вчера организираше чартер лет од либанската престолнина за граѓаните и членовите на нивните семејства.
Франција: Францускиот воен портпарол во вторникот изјави дека носач на хеликоптери ќе пристигне во источниот Медитеран доколку Париз одлучи да ги евакуира своите државјани од Либан, објави Ројтерс. Нивните планови за вонредни состојби се фокусираат на Кипар и аеродромот во Бејрут, а се разговараше и за евакуација преку Турција
Австралија: Обезбедени се 500 седишта за Австралијците и членовите на нивните семејства на комерцијалните летови кои во сабота полетуваат за Кипар, изјави утринава министерката за надворешни работи Пени Вонг, откако претходно оваа недела беа обезбедени места на неколку летови. Авион на австралиските одбранбени сили се наоѓа на Кипар за да помогне во подготовките за вонредни ситуации.
Кина: Повеќе од 200 кинески државјани се евакуирани од Либан, вклучително и околу 80 луѓе на бродот што пристигна на Кипар во вторникот, наведува државната новинска агенција Ссинхуа. Над 140 кинески државјани и нивните семејства биле на чартер-летот што вчера пристигна во Пекинг, додава агенцијата.
Канада: Отава претходно оваа недела објави дека обезбедила дополнителни 800 места на комерцијалните летови кои заминуваат од Либан за Канаѓаните и нивните семејства. Државниот министер за глобални прашања изјави за CBC News дека доколку евакуација стане неопходна, Канада има договори со Кипар, Грција и Турција и работи со САД, Австралија и Франција за „заедно да ги прилагодат нивните планови за евакуација“.
Шпанија, Холандија, Јужна Кореја и неколку други земји испраќаат воени авиони во Либан за да ги вратат своите државјани дома.
фото: EPA-EFE/JOAO RELVAS* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.