Прва 3G фото изложба во Македонија
Објавено во: Стил 07 Јули, 2013 13:15
Во организација на Вип и Фото Сојузот на Македонија, синоќа се одржа првата двочасовна изложба на професионални фотографии направени и овозможени со напредна мобилна технологија.
Стручното жири од Фото сојузот на Македонија имаше навистина тешка задача да направи селекција и да ги избере 20 најубави автентични фотографии на тема „Мојот град“ кои им беа претставени на присутните пред Вип салонот во „City Mall“, но и online на Facebook страницата на Вип.
Дваесетте избрани дела за изложбата беа само мал дел од фотографиите што ги направија 12-те професионални фотографи од различни локации во Скопје, Битола, Кратово, Штип, Охрид и Тетово.
Карактеристично и уникатно за оваа изложба е тоа што сите фотографии беа направени со мобилен телефон Samsung Galaxy S4 и во истиот момент беа испратени до присутните на изложбата и беа поставени на Facebook, благодарение на напредните карактеристики на Вип 3G мрежата.
Тимот на Вип подготви пригодни изненадувања за сите оние што активно учествуваа, коментираа и го дадоа својот Like на Facebook изборот за најдобра фотографија од првата 3G изложба во Македонија.
- Целиот настан беше одлична можност да се види и доживее моќта на мобилната технологија, овој пат ставена во функција на уметноста, оцени главениот маркетинг директор на Вип, Џакомо Тоњони, не криејќи го своето задоволство што посетителите на изложбата, но и фановите на Вип на социјалните мрежи, имаа можност да доживеат една поинаква, возбудлива перспектива на својот град претставена преку уметнички фотографии, благодарение на можностите на мобилната телефонија и 3G мрежата на Вип.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





