19 Декември, 2025
0.1353

Првата дама на Мексико продава вреден, ама контроверзен имот

Објавено во: Свет 22 Ноември, 2014 16:07

Добивај вести на Viber

Првата дама на Мексико Ангелика Ривера го огласи на продажба својот луксузен приватен имот чија вредност се проценува на четири милиони долари. Станува збор за луксузна вила, а Ривера ја продава за да ги прекине критиките во јавноста дека имотот не го платила затоа што го изградил изведувач на работите ангажиран од Владата. Таа сепак тврди дека вилата ја купила од сопствената заработувачка во времето кога заработувала како ѕвезда на „сапунски“ серии. „Сакам на сите да им биде јасно дека немам што да кријам, работев цел живот и благодарение на тоа сум независна жена“, истакна првата дама. Таа додава дека во 2010 година пријавила приходи од речиси 10 милиони долари и дека платила данок од речиси три милиони долари. Сепак, Ривера рекла дека сака да ја продаде вилата бидејќи не сака таа да биде изговор за навреди и клевети за нејзиното семејство. Но, Ривера и натаму одбива да го објасни основниот факт, а тоа е дека куќата ја изгради и таа се уште се води како проект на владината фирма за изведување работи „Групо Хига“.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја