Први жртви работниците: Газдите ги намалуваат платите
Објавено во: Економија 18 Март, 2020 07:06
Први жртви на економската криза поради коронавирусот се некои македонски работници. Во дел од домашните компании кои немаат доволно работа поради новонастаната ситуација на вработените им рекле дека ќе им ја намалат платата. Во некои ќе се работи со половина работно време и секако за половина плата.
Работниците се избезумени – најмногу страдаат текстилните работници, вработените во чевларската индустрија и дел од вработените во секторот туризам. Тоа го потврдуваат и експертите.
Од Фајнанс тинк велат дека ефектите од ширењето на коронавирусот за нашата економија се разновидни. Меѓу нив с есекако и отпуштањето на работници. Очекуваат пад на побарувачката за стоки и услуги поради зголемена неизвесност, воздржаност од инвестирање и претпазливо однесување во потрошувачите. Во првиот удар на шокот, побарувачката драстично се намали за услуги во секторите туризам и авиопревоз, но со забраните и ограничувањата на движењето и собирањето во поголеми групи, веќе трпат и редица други услужни дејности
„Ако гледаме краткорочно шокот ќе е главно врз директно погодените сектори. Поради намалениот обем на работа и поради нарушените синџири на понуда и поради значајно намалената побарувачка, нарушената ликвидност е прв сериозен ризик. Потоа, тоа го зголемува ризикот од отпуштање работници првенствено тие со краткорочни договори, намалување на работните часови и на платата. Овие работници ќе мора да ја прилагодат својата потрошувачка на пониската плата, што ќе значи понатамошен пад на побарувачката, велат од Фајнанс тинк.
Додаваат и дека шокот може да се прелее врз другите сектори, поради понатамошно ширење на ефектот од прекинатите синџири на снабдување, општа намалена побарувачка и намалена ликвидност, потоа од затворањето на границите и забраните и укажувањата за намалено патување.
А.Т.Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




