18 Мај, 2024
0.0273

Првиот човек на Фејсбук е кошмар за комшиите!

Објавено во: Стил 23 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг речиси година и пол го реновира својот дом во Сан Франциско. На неговите соседи веќе им е „преку глава“ од градежните работи на неговата куќа кои траат веќе со месеци. Велат дека наместо реновирање на куќата, на имотот се гради вистинска тврдина. Секојдневно 40-50 мајстори работат на обновата на куќата стара речиси 100 години. Десетте дозволи за преуредување што ги извадиле Марк Цукерберг и неговата сопруга ги опфаќаат сите подрумски простории од кои ќе се направат гаражи, потоа обнова на кујната и на шест бањи, изградба на соба за вино, како и комплетно уредување на последниот, четвртиот кат. Соседите се жалат дека се чувствуваат како под опсада - веќе 17 месеци не можат да ги паркираат своите автомобили пред куќите, а и постојано ги вознемирува бучава од машини кои ги раскопале сите тротоари за да вградат оптички кабли до домот на Марк. Еден од соседите рекол дека досега не го тужел Цукерберг „за да не испадне дека богатите се казнуваат само затоа што имаат пари“. На социјалните мрежи се почести се коментарите дека Цукерберг се претворил во „сосед од пеколот“, бидејќи иако сите имаат трпение за градежните работи и поправките, сепак обновата на неговата куќа траат речиси година и пол.