18 Декември, 2025
0.0440

Првите мажи имигранти тргнаа од Италија во прифатните центри во Албанија

Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2024 16:36

Добивај вести на Viber

Прифатните центри за мигранти што Албанија ги изгради во договор со Италија треба да прифатат 36.000 мажи и веќе се отворени за прием на првите меѓу нив.  

Бродот „Либра“ на италијанската морнарица отпловил од Лампедуза и плови кон Албанија за да ја донесе првата група имигранти во прифатниот центар во пристанишниот град Шенѓин, по што ќе бидат сместени во кампот во Ѓадр.

Според договорот од 2023, Тирана се согласи Италија да испраќа до 36.000 машки мигранти секоја година во два центри за азил во северна Албанија, во градовите Шенѓин и Ѓадр.

- Извршена е првична проверка на лицата, спасени на море, а кои се префрлаат во Албанија, за да се потврди дали ги исполнуваат бараните услови: доаѓаат од безбедни земји, мажи, кои не претставуваат опасност.  Со иницијативата раководи италијанското Министерство за внатрешни работи, објавија албанските медиуми повикувајќи се на АНСА.

Министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси минатата недела рече дека центрите „се слични на оние во Италија“ со режим на „лесен притвор“.

Двата имигрантски центри на тлото на Албанија се под надлежност на италијанските власти. Ниту еден имигрант нема да може да ги напушти овие објекти.


Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии