09 Октомври, 2024
0.0257

ПРВО ЕКСПЛОЗИИ И ЧАД, А ПОТОА СИЛНО ВРЕСКАЊЕ, ЕДЕН ЗАГИНАТ И 26 ПОВРЕДЕНИ: Украински политичар упаднал на седница и фрлил три гранати

Објавено во: Свет 16 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Член на селскиот совет на Керетски, вчера активирал најмалку две гранати во преполна просторија во зградата на локалната власт во западната област Закарпатија, соопшти украинската национална полиција.

Според првичните информации, како што пишува Kyivindependent, најмалку едно лице загинало, а 26 се ранети, од кои шест се во тешка состојба. Не е јасно дали службеникот што ги активирал гранатите е ранет или убиен.

Инцидентот се истражува како потенцијален терористички напад, соопшти полицијата.

Полицијата објави видео на кое се гледа како маж влегува во преполна просторија, која ја идентификуваа како зграда на локалната власт во селото Керецки, област Закарпатија.

Потоа вади две гранати, им ги вади игличките и ги фрла на подот. Следат експлозии и врескање, а екранот е исполнет со чад.

Водеото е вознемирувачко:

Полицијата не го идентификуваше осомничениот извршител на бомбашкиот напад, но „Украинска правда“ и други медиуми тврдат дека тоа е Серхи Батрин, член на селскиот совет на партијата „Слуга на народот“.

Регионалниот медиум Zakarpattia24 сподели видео во кое Батрин се жали на други локални функционери. Zakarpattia24, исто така, рече дека Батрин претходно се расправал со колегите за зголемување на платите за време на војната за шефот на селскиот совет.

Пред да ги активира гранатите, Батрин наводно се скарал со своите колеги за ова прашање, кои одбиле да застанат на негова страна. По спорот, според наводите на Zakarpattia24, тој заминал, а потоа се вратил со гранати.


Можеби ќе ве интересира

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата