06 Декември, 2025
0.0258

Прво вежби, па кафе

Објавено во: Стил 01 Јуни, 2014 10:42

Добивај вести на Viber

Прво на што многумина ќе помислат наутро е шолја топло кафе.

Меѓутоа, експертите советуваат пред пиењето на омилениот пијалок, да издвоите петнаесет минути за вежби за истегнување.

Можете да ги правите на под, но и на клупа во парк. А пред кафе, би било добро да изедете барем едно парче тост со крем сир, прерпорачуваат нутриционистите.

Физичката активност му помага на телото и мозокот и е поефикасна од било кое кафе.

Нашето тело е најодморено наутро, па со утринските вежби ја зголемуваме енергијата потребна за целодневните активности.

Истовремено се намалува и нивото на хормонален стрес,  а се зголемува нивото на ендорфин, хормонот на среќа.

Од друга страна, повеќе се лачи и адреналин кој го забрзува чукањето на срцето, ги шири крвните садови, ја насочува крвта кон срцето, белите дробови, со што помага кај топењето на масните наслаги.

Личностите кои редовно вежбаат, имаат подобар метаболизам и концентрација, но и квалитетен сон, тврдат стручњаците.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: