15 Декември, 2025
0.0425

Прво задолжување годинава, колкави долгови ни се „на врат“

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2019 07:04

Добивај вести на Viber

По две аукции со кои се задолжува на домашниот пазар ќе организира месечно Министерството за финансии годинава. Календарот за првото полугодие е веќе објавен, а првата аукција на која државата продава обврзници е закажана за денеска. На продажба се нудат двегодишни државни обврзници без девизна клаузула во вкупен износ од 700 милиони денари или речиси 11,4 милиони евра, за кои каматата е 1,1 проценти. Следната, за месецов е закажана за 29 јануари. Инаку во првиот месец годинава по основ на продадени државни хартии од вредност државата треба да раздолжи безмалку две милијарди денари.

Министерот за финансии Драган Тевдовски веќе изајви дека од годинава ќе се намали темпото со кое државата се задолжува дома, па наместо секоја недела или четири пати месечно, аукции на државни обврзници ќе има на две недели.

Со задолжување дома, ама и во странство Владата годинава планира да го финансира буџетскиот дефицит кој изнесува 17,7 милијарди денари или е позициониран на 2,5 отсто од БДП.

„Со буџетот за 2019 година продолжуваме со дисциплинираната фискална политика. Правецот во кој одиме е  умерена фискална консолидација или намалување на буџетскиот дефицит на 2,5 проценти од проектираниот БДП за 2019 од 2,7 отсто во 2018. Ова е во согласност со Фискалната стратегија, како и препораките на сите меѓународни организации. Умереното намалување на дефицитот влијае директно на помали потреби за задолжување, а со тоа и среднорочно стабилизирање на државниот и јавниот долг, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.

Според фискалната стратегија која се однесува на годините од 2019 до 2021 година, буџетскиот дефицит во 2020 година треба да изнесува 2,3 отсто од БДП, а два отсто во 2021 година. Министерството за финансии смета дека финансирањето надвор ќе биде со поволни заеми од меѓународни финансиски институции, но и со издавање на еврообврзница.

„Со задолжување на домашен пазар на државни хартии од вредност ќе се обезбеди дополнително финансирање под поволни услови, користејќи ги ниските каматни стапки и високиот интерес на инвеститорите на домашниот пазар за државни хартии од вредност. Со цел оптимизација на исплатите и намалување на ризикот за рефинансирање, основна заложба на Министерството за финансии ќе биде зголемување на рочноста на издадените хартии од вредност преку издавање државни обврзници со подолги рочности, стои во стратегијата.

Во 2019 година нето задолжувањето на домашниот пазар треба да биде безмалку 8,7 милијарди денари, а нето странското задолжување да изнесува 19,3 милијарди денари.

Инаку по основ на издадени еврообврзници Македонија годинава треба да врати 66 милиони евра, а вкупниот долг за раздолжување е 268 милиони евра. „Најстрашни“ од аспект на раздолжувањето се 2021 година кога долгот за враќање само по основ на издадени еврообврзници е 559 милиони евра, а вкупниот 742 милиони евра, потоа 2023 година кога треба да се вратат 489 милиони евра само за еврообврзниците и 2025 година кога треба да се вратат 514 милиони евра повторно само за издадени еврообврзници.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година