19 Април, 2024
0.0283

Првото сертифицирано органско црвено вино во Македонија: Јако вино со моќен вкус

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Категоријата околу која денес се кршат многу копја меѓу љубителите на вино е - природно вино. Дали воопшто постои, се чини најмногу зависи од можноста точно да се дефинира што е тоа „природно, органско вино“. Тука се јавува основниот проблем, бидејќи сите други вина кои ја немаат оваа одредница автоматски се класифицираат како нешто што нема никаква врска со природата. И тоа е во основа - погрешно!

Всушност, приказната за органското вино и неговата дефиниција би можела да биде многу кратка ако ги погледнете фактите, и тие гласат: грозјето за вина што најчесто се декларира како органски се добива главно од помали парцели, собрани рачно, и методот на одгледување на лозја е чисто органски, биодинамичен, претежно - самоодржлив или природен. Нема додатоци во виното,  не се филтрира или рафинира. 

Винскиот подрум Попови од Кавадарци го произведе првото органско сертифицитано црвено вино во Македонија. Вранец Дарк Хорс -ОРГАНИК се сместува во моќни вина кои имаат исклучителен и посебен вкус. 

Разговараме со Гоце Попов, гордиот производител на ова вино, кој ни открива како течеше процесот на создавање...

Првото органско сертифицитано црвено вино во Македонија е успешно произведено токму во Вашата винарија. За каков всушност производ станува збор?

-Вински подрум Попови од Кавадарци го произведе првото сертифицитано органско црвено вино во Македонија. Виното е направено од органско грозје  ВРАНЕЦ од микролокалитет Фариш на надморска височина од 450 мнв.,што значи дека грозјето е органски сертифицирано и одгледано на органска почва и притоа не се користени пестициди, хербициди и други хемикалии.

Што значи тоа под строго контролирани услови? Дали бара поразлична преработка од стандардниот процес на производство на вино?

-Органското вино е Вранец Дарк Хорс -ОРГАНИК e направено под строго контролирани услови- од берење, превоз, чување на грозјето во посебна просторија. Ферментација се одвива во посебни нови танкови досега не користени, муљањето е рачно и нема користење на конвеционални квасци што го прави ова вино примамливо за сите приврзаници на здравата храна.

Каков е вкусот, ако некако може да се опише?

-Ова вистинско богатство – Органскот вино е лимитирана едиција, односно има само 300 шишиња. Виното има 15.6 проценти алк., јако, моќно, со темно црвена боја, одлични овошни ароми на свежа калинка и капина, и долг послевкус на арома на кафе и ванила. Виното се чува во буре Барик 225 л ново прво полнење од компанијата Ѓорѓевиќ- Србија. Вранец Дарк Хорс – Органско освојува со првата голтка.

Дали може да се најде во слободна продажба и дали има потенцијал да се пласира на светскиот пазар?

-Како што рековме, овој органски Вранец е произведен во лимитирана количина и може да се дегустира во прекрасниот амбиент на нашата винарија, а наскоро ке бидат поканети голем број на менаџери на ресторани, преставници на дипломатскиот кор и вино љубители, енолози и сомелиери како би имале прилика да го дегустираат. Инаку нашата винарија не е индустриска винарија, ние произведуваме мали количи на вино од неколку сорти на грозје, и се водиме од паролата да се произведе квалитетно вино во мали количини...

Како започна винската приказна на Попови?

-Вински подрум Попови постои веќе 4 години. Тоа е мала семејна винарија создадена од д-р Весна Чемерска специјалист Ортодонт и Гоце Попов Дипл. Туризмолог. Ние како големи љубители на виното, од сите наши патувања купуваме вино... Сме посетиле голем број на мали винарии во Тоскана, Словенија, Истра, Србија, Бугарија и дојдовме до идеја да инвестираме во винарија и да правиме вина кои нам ни се допаѓаат, јаки суви вина, со природни ароми. Така, пред 4 години го направивме винскиот подрум, со капацитет до 10 000 шишиња – во моментот капацитетот е 6000 шишиња.  Минатата година кога почна коронота, ние инвестиравме во сала за дегустација и апартмани за ноќевање и така го заокруживме концептот дојси, ужицај и одмори со одличните вина   во прекрасниот и топол амбиент на Вински подрум Попови. Ова е целосна Гринфилд инвестиција на семејството Попови.

Какви вина произведувате?

- Имаме 5 сорти на вина  и тоа Темјаника голд, Шардоне, Каберне Совињон, Вранец Барик и  Органскиот Вранец- Дарк Хорс на кој сме посебно горди. Капацитетот на винаријата е 6000 шишиња годишно. Посебно место зазаемаат наградите од меѓунродни и локални натпревари, каде Шардоне и Вранец Барик имаат освоено златни медали. Оваа година виното Шардоне Смолник беше севкупен победник за бели вина на натпреварот на млади вина во Неготино, во конкуренција од 93 етикети.

Кој прв го вкусува виното за да го процени?

- Како што кажав, јас и мојата сопруга сме големи љубители на вино, иако имаме сосема други професии, стоматологија и фотографија. Знаеме какви вина сакаме, сме прочитале книги и форуми за вино и се надградуваме, но пракса намавме... И затоа имаме ангажирано консултант  - енолог Елена Богева која е врвна во нејзината област, и многу ни помага во производството на вината.  Додека виното не ги добие вистинските карактеристи што треба да ги има една сорта, ние тоа вино не го пуштаме во продажба. Затоа во наредната година ќе инвестираме во Барик одделение каде би одлежувале вината неколку години, а потоа ке се продаваат. 

Дали коронота ви предизвика потенцијални штети во продажбата или напротив, се пиеше вино и за време на карантинот?

-Минатата година со корана кризата многу бизниси се најдоа во незавидна ситуација, еве на пример мојот примарен бизнис фото студиото нагло запре. Се затворија ресторани, немаше прослави, свадби крштевки, родендени и ние дојдовме до ситуација да размислуваме за затварање на тој бизнис. Но во винарството конкретно со винаријата беше друга приказна. Како се‘ се затвори од локали, ресторани, барови, нагло почна да се бара вино со деливери, односно праќање по карго за дома. Наши клиенти се голем број на физички лица и неколку ресторани во Кавадарци, Скопје... Не раддуа фактот што гледаме по нарачките голем број на лица повторно и повторно нарачуваат од вината, и тоа значи дека им се допаѓаат.

На кое вино најмногу се восхитувате освен на Вашите?

 - На многу вина,  на вина што се свежи со овошни ароми и без остаток на шеќери. Не сум љубител на вината кои се премногу слатки. Последно вино кое сум го пиел е Лашки Ризлинг од Пуклевац винарија и Корија Темјаника од Венец Дисан, тие ми се некако најблиску да нашите норми за вино.

За крај, што би препорачале на нашите читатели?

-Виното е храна, тоа е дар од боговите и секоја голтка добро вино дава одлично расположение. Пробајте ги вината на Вински подрум Попови и ќе се уверите во вистинското значење на зборот уживање. Ве очекуваме во нашата семејна винарија која зрачи со топлина и љубов да уживате во вината кои се направени рачно, секој грозд до финално полнење во шише е направено рачно и низ нашите раце, моите, на Весна и на децарта Рената и Бојана. Затоа на секоја етикета на нашите вина е вметнат Фингерпринт како печат дека се е работено од нашата фамилија Попови. Наздравје!

Небојша Толески

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет