19 Декември, 2025
0.0647

ПСИХОПАТ СЕ РАЃА, СОЦИОПАТ СЕ СТАНУВА - еве која е разликата и како да се препознаат

Објавено во: Свет 09 Мај, 2023 12:25

Добивај вести на Viber

Психопатите и социопатите се популарни психолошки изрази употребени за опишување на насилни личности. 

Психопатите и социопатите постојат во општеството, тие се шармантни, манипулативни, бесчувствителни и насилни. Она што им е заедничко е недостиг на емпатија, непочитување на правила (понекогаш и закони) и насилно однесување без чувство на вина.

Која е вистинската разлика помеѓу психопат и социопат?

Социопатите имаат недостаток на емоции и стабилност и многу се импулсивни. Во случај на извршување на напад тие можат да бидат насилни или ненасилни. Поради големата импулсивност често им недостасува трпение.

Психопатите се, од друга страна, многу детални. Некогаш имаат тенденција да остават траги зад себе, но ретко кога прават грешки.

Научниците често разговараат за тоа дали овие групи треба воопшто да бидат одвоени. Пред да дадеме дефиниција за овие нарушувања, една работа треба да ни биде јасна, психопатите се раѓаат како психопати, додека секој човек може да стане социопат.

Психијатрите го користат терминот психопатија за да го илустрираат антисоцијалното однесување и нарушување на личноста, додека социопатското однесување е предизвикано од физичка повреда на главата, злоупотреба или занемарување во детството.

Психопатите и социопатите не стануваат секогаш сериски убијци, а сите сериски убијци не се нужно психопати и социопати.

Социопатите се често нервозни и избувливи. Најчесто се необразовани или помалку образовани, понекогаш не се способни да задржат работа или да останат на едно место. Често им е тешко да се поврзат со другите луѓе и имаат мал број на пријатели со кои, по правило, имаат проблеми.

Социопатите делуваат возбудено и вознемирено, а речиси секое кривично дело што го вршат е случајно и спонтано, не и планирано. Поради ова навидум непостојано однесување полесно е да се препознае социопат од психопат.

За разлика од социопатите, психопатите не можат да создадат емотивни врски или да чувствуваат емпатија за другите. Можат да бидат агресивни и да се однесуваат како предатори.

Иако немаат емпатија, често се многу шармантни луѓе и вешти манипулатори. Тие учат да ги имитираат чувствата, и покрај нивната неспособност да ги почувствуваат. Психопатите се често високо образовани луѓе со стабилни и постојани работни места.

Некои психопати се толку добри во манипулирањето што имаат семејствата и долготрајни врски, а нивната околина никогаш не се сомнева во нивната вистинска природа. Кога вршат кривично дело, психопатите внимателно го планираат секој детаљ и често имаат резервен план.

За разлика од социопатите, психопатите се ладни, мирни и фокусирани. Од полициска перспектива, „ладнокрвната“ природа ги прави многу ефикасни криминалци.

Од дијагностичката страна, причината за психопатија се разликува од социопатија. Постои претпоставка дека психопатија е резултат на наследство (генетика), додека социопатија е резултат на надворешните фактори.

Психопатијата е поврзана со физиолошките недостатоци поврзани со недоволен развој на одредени делови на мозокот кои се одговорни за контролирање на импулси и емоции.

Социопатија, од друга страна, е повеќе производ на траума во детството или физичко, односно емоционално малтретирање. Бидејќи социопатијата се учи, социопатите се способни за емпатија, но само со одредени луѓе.

Психопатија е поретка од социопатија, а се смета за најопасна од сите антисоцијални нарушувања на личноста. Многу сериски убијци, како што се Тед Банди, Денис Радер и Џон Вејн Гејси, биле психопати без чувство на грижа на совест. Се проценува дека речиси 50 проценти од сериските убијци се психопати.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела