Публицис Worldwide го откри новото лого дизајнирано во чест на основачот Марсел Блустен-Бланше
Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2015 13:07
Публицис Worldwide го лансираше дизајнот на новото лого во чест на оригиналното лого на Публицис кое го креираше основачот Марсел Блустен-Бланше во 1926 година. Новиот идентитет е во Арт-деко стилот на оригиналното лого поставено на вратата од првата канцеларија на Блустен-Бланше, но содржи и модерни карактеритики како симетрија и едноставност, задржувајќи го лавот како икона на Публицис Worldwide.
Ова е исчекор во обновување на постоечки дизајн со кој ќе се направи разлика помеѓу брендовите и Публицис групацијата, предводена од страна на Претседателот и извршен директор Морис Леви.
Коментирајќи го новото лого, Артур Садун, Глобален извршен директор на Публицис Worldwide, вели: "На многу начини, новиот дизајн ја одразува нашата Публицис ДНК и она што го имаме за цел со секој клиент со кој работиме. А тоа е да ги предводиме промените... Нашата цел беше да создадеме оригинален и безвремен дизајн“.
Новото лого е замислено и развиено од страна на Публицис Северна Америка и ќе влезе во употреба во текот на следниот месец.
Публицис Групацијата e една од најголемите светски комуникациски групации, присутна во 196 града во 104 земји во светот, броејќи околу 42.000 вработени.Во Македонија таа постои уште од 1996 година и е дел од меѓународната комуникациска мрежа Publicis Groupe, трета по големина маркетинг комуникациска мрежа во светот. Публицис Групацијата во Скопје е застапена со неколку свои агенции: Publicis и Saatchi & Saatchi, како и медиумската агенција ZenithOptimedia. Овие групациски агенции на своите клиенти им овозможуваат комплетни маркетинг услуги од доменот на истражување, стратегиско планирање, бренд консалтинг, развивање на креативни концепти, дизајн, продукција, дигитални комуникации, односи со јавност, организација на настани, медиумско планирање и закуп.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете





