19 Мај, 2024
0.0274

„Пука“ ли трпението на вработените од Еурокомпозит?

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Нема трпение кај вработените на Еурокомпозит кои откако не добија дел од несплатените плати повторно излегоа на штрајк и протести незадоволни што нивниот статус не се реши од новата Влада иако договор имаше постигнато со синдикатот и раководството уште на крајот на јуни годинава. 

Сега вработените на фабриката Еурокомпозит од наменската индустрија протестираа за своите барања да му ги претстават на новиот прилепски градоначалник Илија Јовановски кој како предводник на локалната власт не може премногу да им помогне иако вети дека ја имаат неговата поддршка.

Фактор претходно успеа да направи интервју со Александар Кузевски, новиот директор на АД 11 октомври Еурокомпозит кој тогаш посочи дека е потребно трпение бидејќи проблемите кои се создавале со години не може да се решат за неколку месеци.

„Договорот од јуни месец потпишан од мојот претходник Додовски од една страна, синдикатот на друштвото од друга страна и од Владата на РМ како гарант од трета страна го оценувам за исклучително позитивен. Токму третата страна, Владата на РМ, со тоа даде позитивен сигнал дека одговорно и посветено ќе помогне во решавање на проблемите кои се со години таложени во оваа компанија. Секако дека не е возможно само за неколку месеци да се решат проблеми кои со децении се креирале, а имајќи во предвид притоа дека компанијата генерира огромни загуби. Гледајќи ги извештаите од досегашното работење можам да забележам дека продуктивноста во работењето е премногу мало, би рекол надвор од економска и бизнис логика. Едноставно, вработените мораат да разберат дека сите ќе мораме да дадеме многу повеќе труд и ангажман во иднина за прво сами да си помогнеме во рамките на компанијата ,а со тоа да и покажеме и на Владата на РМ дека е неопходна помош за Еурокомпозит која сепак нема да биде залудна“ изјави Кузевски за Фактор на почетокот на месецот.

Еурокомозит со години работи со загуби, а постојано бележи големи падови на приходите од продажба. Фабриката која произведува оружје и придружни материјали има непродадени залихи, а исто така и надеж дека договорите со министерствата за одбрана и внатрешни работи ќе продолжат.

Засега нема најави за отпуштања на работници иако е најавено дека ќе се врши нова систематизација. Исто така нема најави за можна продажба на компанијата на приватен инвеститор.

Последниот протест на вработените како што веќе наведовме наменет за локалната власт треба да изврши дополнителен притисок врз власта за побрзо решавање на проблемите и враќање на патеките на успех на Еурокомпозит бидејќи тоа е од интерес на сите вклучувајќи ја и државата, па затоа со внимание ќе ги следиме сите случувања како и досега.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници