Пукала во зградата на Јутјуб па се самоубила
Објавено во: Свет 04 Април, 2018
Загрозена безбедноста во седиштето на компанијата Јутјуб .
Вооружена жена упадна денеска во седиштето на компанијата ЈуТјуб во градот Сан Бруно во Калифорнија при што ранила најмалку четири луѓе, соопшти полицијата.
Таа подоцна е пронајдена мртва и најверојатно сама се застрелала. Нападот се случи попладне по локално време и според првичните информации, жената која пукала носела шамија на главата.
– Настрадала најверојатно од раните што сама си ги нанела со огнено оружје, соопшти полицијата.
Локални медиуми јавија дека најмалку еден од повредените е во критична состојба.
Комапнијата Гугл кои се сопственици на ЈуТјуб објавија дека го истражуваат инцидентот.
извор: МИА