Пукање во Орландо - има мртви
Објавено во: Свет 05 Јуни, 2017
Неколку лица се убиени во престрелка во источниот дел на градот Орландо, во Флорида.
Канцеларијата на шерифот на Оринџ Каунти го нарече пукањето „трагичен инцидент“.
Полицијата соопшти дека засега нема поврзаност со тероризам, туку дека се работи за инцидент предизвикан поради работни односи.
Во Орландо следната недела треба да се обележи првата годишнина од пукањето во ноќниот клуб „Пулс“, во кој беа убиени 49 лица.