Пукна бракот на најбогатиот човек на светот: Се подготува најскапиот развод
Објавено во: Стил 11 Јануари, 2019 14:23
Се подготвува разводот кој наверојатно ќе биде најскапиот досега.
Најбогатиот човек на светот се разведува поради водителка, а нова димензија на нивната приказна даваат и наводите за политички мотиви за одмазда.
Веста за разводот на најбогатиот човек на светот и основач на Амазон Џеф Безос, одекна вчера бидејќи тој соопшти дека од сопругата Мекензи се разведува после 25 години брак и дека остануваат пријатели. Меѓутоа, американските медиуми објавија дека официјално најбогатиот човек на светот е во љубовна врска со Лорен Санчес, поранешната ТВ водителка.
Паралелно се појави информација и дека бракот на Санчез со Патрик Вицел, агентот за таленти и сопстевник на агенцијата WME, доживеал крах,
Магазинот „National Enquirer'“ ги објави љубовните пораки кои Безос и Лорен си ги разменувале, а медиумите објавија дека Безос пуштил соопштение за разводот за да ја надитри приказната за љубовни пораки.
„National Enquirer'“ објави дека нивните новинари ги следеле Безос и Санчез низ пет држави и поминале повеќе од 40 000 милији. Ги следеле во приватни авиони, луксузни лимузини, романтични прошетки, во хотели со пет ѕвезди, интимни вечери поминати во скриени љубовни гнезда.
Тој со Лорен се состанувал три пати неделно, ја водел на егзотични патувања со приватни авиони вредни 65 милиони долари. Нивните фотограф ги фатил како прават „нечисти работи“.
Безос одлучиле да се разведат по 25 години поминат заедно, имаат четири деца и богатство од 137 милијарди долари. Заедно го замислија и покренаа Амазон.
Foto: EPA/CLEMENS BILAN
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





