19 Декември, 2025
0.0568

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

Објавено во: Економија 16 Април, 2024 07:55

Добивај вести на Viber

Првиот приватен ветерен парк во Македонија, чиј инвеститор е „Тхор Импекс“ и кој беше пуштен во погон на 24 јануари, ќе заработи 7 милиони евра во првата година од своето работење. „Богословец“ започна со работа со осум ветерни турбини помеѓу Штип и Свети Николе, а вкупната моќност на паркот изнесува 35 мегавати. 

Според пријавеното во Агенцијата за Енергетика и Регулаторната комисија за енергетика, проектирано е производство на „Богословец“ од 78.600.000 киловатчасови годишно. Повластената тарифа, која како производител од обновливи извори на енергија ќе ја добива од националниот оператор на пазарот МЕМО, е одредена да биде 8,9 евроценти по киловатчас. Тоа значи дека „Тхор Импекс“ годишно ќе заработува проектирани 6.995.400 евра.

Ова е запишано во прегледот на повластени производители на електрична енергија кај Регулаторната комисија за енергетика и во Одлуката за користење на повластената тарифа, откако „Богословец“ ја доби лиценцата за работа во текот на февруари.

Првата приватна ветерна централа ќе заработува исто колку што добива и АД ЕСМ за ветерната централа „Богданци“ која ја добива истата повластена тарифа и има речиси еднаков капацитет на работа, Струјата со повластени тарифи во Македонија се купува и од малите хидроелектрани и од биогасните централи. 

Иако приватната инвестиција за прв пат од ваков тип беше промотивно најавувана, изостанаа подеталните информации за компанијата што ќе го гради ветерниот парк. Инвестицијата беше кажано дека ќе чини 61 милион евра и ќе се реализира во општините Свети Николе и Штип.

Како управител на Тхор Импекс, според претходни медиумски информации, се јавува Благоја Лазаровски. Компанијата е во сопственост на Б Н Б – КОМПАНИ ДОО експорт-импорт Скопје и Грин фор Гроутх Фонд, Југоисточна Европа СА, СИЦАВ-СИФ, Луксембург.

Власта најави дека ветропаркот Богословец со предвидените осум турбини и моќност од 36 мегавати ќе го удвои постојниот ветерен капацитет во земјата и ќе придонесе кон намалување на ЦО2 емисиите од над 87 илјади тони годишно. Инвестицијата во наредните 25 години треба да придонесе во обезбедување стабилно снабдување со зелена и еколошка електрична енергија за околу 20 илјади домаќинства.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии