ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

Објавено во: Економија 16 Април, 2024 07:55
Првиот приватен ветерен парк во Македонија, чиј инвеститор е „Тхор Импекс“ и кој беше пуштен во погон на 24 јануари, ќе заработи 7 милиони евра во првата година од своето работење. „Богословец“ започна со работа со осум ветерни турбини помеѓу Штип и Свети Николе, а вкупната моќност на паркот изнесува 35 мегавати.
Според пријавеното во Агенцијата за Енергетика и Регулаторната комисија за енергетика, проектирано е производство на „Богословец“ од 78.600.000 киловатчасови годишно. Повластената тарифа, која како производител од обновливи извори на енергија ќе ја добива од националниот оператор на пазарот МЕМО, е одредена да биде 8,9 евроценти по киловатчас. Тоа значи дека „Тхор Импекс“ годишно ќе заработува проектирани 6.995.400 евра.
Ова е запишано во прегледот на повластени производители на електрична енергија кај Регулаторната комисија за енергетика и во Одлуката за користење на повластената тарифа, откако „Богословец“ ја доби лиценцата за работа во текот на февруари.
Првата приватна ветерна централа ќе заработува исто колку што добива и АД ЕСМ за ветерната централа „Богданци“ која ја добива истата повластена тарифа и има речиси еднаков капацитет на работа, Струјата со повластени тарифи во Македонија се купува и од малите хидроелектрани и од биогасните централи.
Иако приватната инвестиција за прв пат од ваков тип беше промотивно најавувана, изостанаа подеталните информации за компанијата што ќе го гради ветерниот парк. Инвестицијата беше кажано дека ќе чини 61 милион евра и ќе се реализира во општините Свети Николе и Штип.
Како управител на Тхор Импекс, според претходни медиумски информации, се јавува Благоја Лазаровски. Компанијата е во сопственост на Б Н Б – КОМПАНИ ДОО експорт-импорт Скопје и Грин фор Гроутх Фонд, Југоисточна Европа СА, СИЦАВ-СИФ, Луксембург.
Власта најави дека ветропаркот Богословец со предвидените осум турбини и моќност од 36 мегавати ќе го удвои постојниот ветерен капацитет во земјата и ќе придонесе кон намалување на ЦО2 емисиите од над 87 илјади тони годишно. Инвестицијата во наредните 25 години треба да придонесе во обезбедување стабилно снабдување со зелена и еколошка електрична енергија за околу 20 илјади домаќинства.
Можеби ќе ве интересира
„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет

ЧЕТИРИ СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА - содржат состојка која не треба да ја имаат

„НЕ ОЧЕКУВАМЕ РЕЦЕСИЈА“: ММФ не предвидува криза и покрај царините на Трамп

КИНЕСКИТЕ ГИГАНТИ „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ ПОТВРДИЈА: еве од кој датум ќе пораснат цените на производите
НЕЛЕГАЛЕН МОНОПОЛ - Гугл прогласен виновен за експлоатација на онлајн технологијата

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И БОНУС ОД 700 ЕВРА ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ПОДРАВКА: Компанијата годишно ќе инвестира 5,7 милиони евра

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

ПРВА ТУЖБА ЗА ЦАРИНИТЕ, КАЛИФОРНИЈА ПРОТИВ ТРАМП: „Самоволната глобална трговска политика не е игра“
