07 Октомври, 2024
0.0271

Пуштете го другиот да биде победник, а Вие имајте сопствен мир

Објавено во: Стил 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Да имате мир или постојано да се докажувате пред другите дека сте во право - прашање е сега. 

Одговорот е едноставен.

Не морате во секој дијалог или расправа да имате сопствен епилог или заклучок. Пуштете го другиот да биде победник а вие имајте сопствен мир.

Не морате луѓето да ги терате да мислат онака како што вие мислите, ниту да зборуваат онака како што вие зборувате. Што ќе постигнете со тоа, освен малку да го ‘исчешлате’ вашето его? Ништо повеќе.

Така од нив ќе направите свои непријатели на кои повеќе нема да им биде пријатно во ваша близина, дури и ќе им одите на нерви. Пуштете ги луѓето да мислат дека ќе ве добијат и дури тогаш кога сте вистински победник.

Но тоа секогаш не е лесно.

Да се пушти другиот да биде победник значи да се разбере дека животот е многу повеќе од некое вербално натпреварување или докажување на сопствената интелигенција. Голем број на луѓе никогаш немаат потреба на некој да му докажуваат, бидејќи знаат и веруваат во оние вредности кои се во нив и кои не стануваат ни поголеми ни помали затоа што некој ги признава или не признава.

Тие знаат дека чувството на сигурност не доаѓа од надвор, туку може да го најдете само во себе.

Да се пушти другиот да биде победник значи да се обврзиш пред себе дека егото нема да биде доминантен фактор при донесување на одлуки, туку дека важна улога ќе има вашата душа. Тоа исто така значи дека било какво натпреварување нема да го сфатите како губење на време и разум, туку како загуба на самодовербата.

Да се пушти другиот да биде победник значи да се престане со занимавање со неважни работи и да се влегува во непотребни битки а нашиот фокус да биде само на оние избори кои го прават нашето срце. Затоа пуштете го другиот да биде победник а вие продолжете да ја пишувате вашата животна приказна независно за тоа чија ќе биде последна.

Кога ќе почнете да ги контролирате своите слабости ќе сфатите дека оваа потреба се наоѓа меѓу нив. Одлучете што сакате да добиете од животот а се’ друго турнете настрана.

Кога ќе ви стане сеедно кој ќе биде вербален победник, ќе видите како подобро ќе се чувствувате во сопствената кожа и со тоа ќе станете вистински победник.

Марио Жувела


фото: savjetnik uspjeha

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни