07 Октомври, 2024
0.0249

Пушти ги луѓето кои заминуваат од твојот живот, не влечи ги за ракав!

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Пушти ги пријателствата кои престанале да бидат пријателства и пушти ги врските кои престанале да бидат врски.

Луѓето се менуваат, некои на подобро, некои на полошо. Некој да се прашуваш зошто тоа се случува, зошто некои луѓе заминуваат ако ништо лошо не си направил. Можеби не си направил ни ништо добро, ниту пак си дал доволно добра причина да останат, не си ја поддржувал врската и таа пукнала. Како и да е сега мораш да почнеш од почеток, со некои нови луѓе и нови прилики. Но како и да е никогаш не заборавај ги лекциите кои си ги научил.

Пушти ги луѓето кои заминуваат од твојот живот, и не влечи ги за ракав. Се она што не било со срце е осудено на пропаст. Ако си оставил некој траг на убави сеќавања во нив сигурно ќе се вратат. Понекогаш е во ред секој да оди на своја страна ако не одело заедно. Прости за повредите кои си ги доживеал а за кои никогаш не си слушнал ни збор извинување бидејќи само така ќе можеш да се оттргнеш од минатото какво и да е, и со мир да се упатиш во иднината.

Никогаш немој да престанеш за учиш за себе, сите ситуации кои ги помина имале некоја причина, на нешто те подучиле. Сосема е во ред некогаш да се остане и сам. Да останеш на крстопат и  да се прашаш кој пат е за тебе. Тоа не е знак дека нешто не е во ред со тебе, дека си неодлучна личност која е полна со комплекси или дека си премногу пребирлив туку знак дека го почитуваш својот живот и од тој живот да го сакаш само најдоброто. А најдоброто ќе го добиеш ако го дадеш најдоброто.

Биди горд на себе, со крената глава оди напред во иднината знаејќи дека твојата совест е чиста. Еден ден сите тие лоши работи кои си ги доживеал ќе те направат посилна личност, ќе знаеш дека сите тие имале некоја причина. Биди горд на тоа што си сакал некој и што некој те сакал тебе, но после се учи од грешките кои си ги направил, грешки кои не смееш да ги поправиш. Живеј го својот живот верувајќи дека најдобрите денови се пред тебе.



Фото: izvoronline.com

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни