Путин бара „железно-бетонски“ гаранции, за да го рестартира „Јужен тек“
Објавено во: Економија, Свет 10 Август, 2016 12:19
Ако Бугарија сака рестарт на проектот „Јужен поток“, ќе треба да даде „железно-бетонски“ гаранции од правен карактер, дека тој ќе се реализира. Ова го истакна рускиот претседател Владимир Путин денес, цитиран од руските медиуми.
„Гледаме дека бугарската страна сега сака да се врати на „Јужен поток“, но ние претрпевме низа загуби од одбивањето на европските партнери за изградба на гасоводот и намерите не стигнуваат. Ни требаат „железно-бетонски“ гаранции од правна природа. Такви засега нема“, вели Путин.
Во меѓувреме на историската средба меѓу Путин и неговиот турски колега Реџеп Ердоган стана јасно дека ќе се работи на замрзнатиот проект за гасоводот „Турски поток“. „Тој ќе биде реализиран што е можно побрзо“, увери денеска турскиот претседател на прес-конференција по средбата со Путин.
Рускиот претседател од своја страна истакна дека изградбата на делот од гасоводот, наменета за турскиот внатрешен пазар, би можела да започне „во многу скоро време“, но истакна дека изградбата на делот наменет за испорака на гас за ЕУ, ќе зависи од гаранции, кои Брисел ќе треба да ги обезбеди.
„Русија не се спротивставува на проектите „Јужен поток“ и „Турски поток“ и е подготвена да реализира проекти за изградба на гасоводи во присуство на гаранции“, изјави во интервју за телевизијата „Россија 24“ рускиот министер за енергија Александар Новак, цитиран од агенциите.
Проектот „Турски поток“ беше објавен на крајот на 2014 година во исто време со откажа проектот „Јужен поток“ за пренос на гас по дното на Црното Море, и беше блокиран од ЕУ.
Идејата на Турски поток беше не само да се испорачува гас на Турција, но и таа да стане транзитна земја за снабдување на гас кон јужна Европа наместо Украина.
Првичниот проект предвидуваше првите испораки да започнат кон крајот на 2016 година, а на крајот се постигна значителен капацитет од 63 милијарди кубни метри годишно, кој подоцна беше намален на 32 милијарди.
Проектот беше замрзнат откако Турција си дозволи да собори руски воен авион во ноември 2015 година.
По неуспехот на „Јужен поток“ и замрзнувањето на „Турски поток“ Владимир Путин повеќепати изјавувал дека изградбата на гасоводот на европска територија ќе се случи само ако Брисел даде во писмена форма приоритетен статус на овие проекти, наведува АФП.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




