ПУТИН И ПОРАЧА НА ЕВРОПА: Да ја обновиме соработката, да се најдеме на пола пат!
Објавено во: Економија 17 Јуни, 2016 20:23
Рускиот претседател Владимир Путин ја повика ЕУ да ја обнови соработката со таа земја.
Говорејќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин рекол дека Русија е спремна да излезе во пресрте, но напоменал дека тогаш и ЕУ мора да биде спремна на компромиси.
„На никој не сме лути и спремни сме да се сретнеме со европските партнери на пола пат. Меѓутоа, тоа никако не смее да биде еднострано“ , нагласил рускиот претседател.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/AnonyMiss_/status/743773984857088001?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Путин додал дека неодамнешните состаноци со германските и француски бизнис кругови покажале дека Европа е спремна и има волја да соработува со Русија.
„Политичарите мора да им излезат пресрет на претприемачите и да покажат знаење и флексибилност“, вели Путин.
Во почетокот на јуни, францускиот Сенат, горниот дом на парламентот, ја изгласал резолуцијата со која се повикува на постепено укинување на санкциите на Русија.
Многу европски претставници повикале на укинување на санкциите бидејќи сметаат дека од нив нема никаква корист, додека други уште не се предомислиле.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




