ПУТИН ИМА ПЛАН ЗА СЕВЕРНА КОРЕЈА: Тоа е можно, и мора да се направи!

Објавено во: Свет 07 Септември, 2017 12:38
Рускиот претседател Владимир Путин е убеден дека во североисточна Азија нема да има конфликт со употреба на оружје за масовно уништување и смета дека Пјонгјанг би требало да се вклучи во заеднички проекти од регионална соработка.
„Постои можност да се постигне решение за проблемот на Пјонгјанг со дипломатски средства. Тоа е можно и мора да се направи“, рекол тој на Источно-економскиот форум (EEF) во Владивосток.
Путин смета и дека Северна Кореја треба да биде вклучена во заеднички проекти како би се намалиле тензиите на Корејскиот полуостров.
„Северна Кореја треба постепено да се вклучува во регионалната соработка. Русија има некои конкретни предлози кои на сите им се познати, а кои би вклучиле заедничка железничка мрежа која би ја поврзала Трансибирската и Корејската железница низ Северна Кореја“, рекол Путин.
Исто така, додал дека може да се работи и на развој на инфраструктура за транспорт на гас, како и севернокорејски пристаништа.
Можеби ќе ве интересира
ПУТИН: Рускиот и украинскиот народ се еден, цела Украина е наша

ИМАМ ВОДЕШЕ МОЛИТВА СО ПУШКА ВО РАКА: Иранка им порача на Израелците да спремаат ковчези

СЕ ОТКАЖУВААТ МНОГУ ЛЕТОВИ СО БЛИСКИОТ ИСТОК: „Ситуацијта е влошена“

ЗОШТО НЕТАНЈАХУ БАШ СЕГА ГО НАПАДНА ИРАН? Нападот не беше големо изненадување

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ ДЕКА НЕГОВАТА ВНУКА ЗБОРУВА КИНЕСКИ: Објасни зошто е така

БЕЛАТА КУЌА: Трамп за две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

ДЕВОЈЧЕ ОД УКРАИНА ДОШЛО ВО ИЗРАЕЛ НА ЛЕКУВАЊЕ: Загина заедно со семејството

НЕТАНЈАХУ: Мојот син по вторпат мораше да ја откаже венчавката поради нападите
