20 Декември, 2025
0.0373

Путин: Изненадувачки, трговската размена со САД порасна

Објавено во: Економија, Свет 22 Декември, 2014 18:45

Добивај вести на Viber

Русија ќе ги преброди сите потешкотии и ќе продолжи да се развива, изјавил денес рускиот претседател, Владимир Путин, на состанок со претставниците од горниот и долниот дом на рускиот парламент. „Русија ќе ги надмине сите потешкотии и ќе продолжи и понатаму да се развива бидејќи за тиа имаме се што е неопходно“, истакнал Путин. Тој навел дека руско – американската трговска размена пораснала за седум отсто, додека размената со Европската унија паднала за 4,3 отсто. „Трговската размена на Русија со ЕУ падна за 4,3 отсто, увозот од земјите на Унијата се намали за околу 7 – 10 отсто. Навистина, мене малку ме изненади тоа што пак размената со Соединетите Американски Држави, напротив, порасна за дури седум отсто“, нагласил Путин. Тој додал дека рускиот увоз на американските производи е зголемен на 23 отсто, додека трговската размена со азиско – пацифичкиот регион исто така е зголемена. „Кога во прашање е трговската размена со нашиот клучен трговски партнер Германија, ситуацијата е влошена, размената паднала за 3,9 отсто, а пад бележи и увозот на германски производи“, истакнал Путин. Односите помеѓу Москва и Западот се влошија поради кризата во Украина и припојувањето на Крим кон Руската Федерација. САД, ЕУ, Канада, Австралија и Нов Зеланд го усвоија првиот сет санкции против Москва.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба