19 Декември, 2025
0.0357

Путин: Крим е пресвртница во руската историја

Објавено во: Свет 31 Декември, 2014 20:30

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјавил во своето новогодишно обраќање пред граѓаните на земјата дека враќањето „дома“ на полуостровот Крим ќе остане една од најголемите пресвртници во руската историја. „Љубовта кон татковината е едно од најмоќните и највозвишените чуства. Таа во голема мера е исполнета со братската поддршка на жителите на Крим и Севастопол кога цврсто решија да се вратат дома. Ова случување ќе остане една од најважните пресвртници во историјата на Русија“, рекол Путин. Како што пренесува „РИА Новости“, Путин им се заблагодарил на граѓаните на Русија за единството и подготвеноста да ги бранат интересите на својата татковина во изминатата 2014 година. „Сега кога ги сумираме резултатите би закал искрено да ви заблагодарам за единството и солидарноста, за длабоката емотивна правда, чест, праведноста и одговорноста за судбината на својата земја, за цврстата подготвеност да ги одбраните интересите на нашата земја, да бидете заедно со неа во деновите на триумф но и во моментите на искушенија, да барате исполнување на нашите најсмели и најопфатни планови“, рекол Путин. Шефот на руската држава истакнал дека во Новата Година „секој треба да мисли за доброто на своето семејство, да посака здравје и среќа на своите најблиски“, а истовремено „среќата и успехот на секој човек се претвора во просперитет на Русија“.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела