Путин на самитот Г20 ги „пегла“ односите со Западот
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2014 20:25
Рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Дејвид Камерон разговарале денеска во текот на собирот во Австралија за односите на Русија и Западот, посебно во светот на украинската криза.
„Путин и Камерон покажале интересирање за обновување на односите помеѓу Русија и Западот и за усвојување на ефикасни мерки како би се решила украинската криза, што ќе го олесни преминувањето на конфликтните односи“, рекол портпаролот на рускиот претседател Димитриј Пешков во Бризбејн во текот на Самитот на групата економски најсилни земји во светот , Г20.
Британските медиуми, меѓутоа објавиле дека Камерон „бил јасен“ и дека нагласил дека секое подобрување на односите е условено со примена на договорот од Минск за престанок на огнот во Украина.
Додал дека во спротивно односите на „Русија, Велика Британија, Европа и САД“ може да бидат значајно поразлични.
На почетокот на билатералниот состанок, исто така на маргините на самитот на Г20, рускиот претседател Владимир Путин апелирал на својот француски колега Франсоа Оланд да „го намали можниот ризик и негативни последици“ на меѓународните тензии помеѓу нивните две земји.
„Неопходно е повторно да се состанеме и да разговараме за тие проблеми“, рекол Путин.
Тој го рекол тоа имајќи ја пред се предвид украинската криза, по чиј повод, како што рекол, во меѓународните односи има многу „турбуленции“. Освен тоа, Путин од Франција очекува Русија да му го испорача првиот десантен брод од типот „мистрал“.
Франција и Русија во 2011 склучиле договор за испораката на двата воени брода од типот на „Мистрал“ за 1,2 милијарди евра. Договорот е доведен во прашање одкога Оланд нивната испорака ја поврзал со политичкото решавање на украинската криза.
Оланд истакнал дека украинскиот претседател Петро Порошенко и германската канцеларка Ангела Меркел ќе направи значајни напори за решавање на украинската криза и додал дека е подготвен за разговори како би се преминала таа криза.
Самитот на Г20 завршува утре.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




